Тетовчанец во својата нива пронашол кинеска бомба

Тетовчанец пронашол бомба од кинеско производство во својата нива. Бомбата била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Триесет и шестгодишниот тетовец Љ.Ј., вчера (21 јуни) во 12 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавил дека при извршување работи на неговата нива во место викано „Кале“, пронашол кородирана рачна бомба, информираат од МВР.

Извршен бил увид, а бомбата била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека се работи за рачна бомба најверојатно од кинеско производство.

Претходна вестТурски државјанин истепал и силувал 24 годишна скопјанка
Следна вестРЕК „Битола“ нема доволно работници: Недостасуваат бравари, заварувачи, дреари, инженери…