Темен режим Режим на светлина

Закани место пари за 27 лица од Турција кои дошле да работат во Гостивар

Гостиварец им се заканувал на 27 лица од Турција, кои ги повикал да извршуваат градежни работи на објекти во Гостивар.

– На 21.06.2023 во 13.00 часот во СВР Тетово, А.Х.(60) од Република Турција пријавил дека во март годинава, тој и уште 26 други лица, исто така, од Турција, биле повикани од април да почнат да извршуваат градежни работи на објекти на гостиварското подрачје, а дека за нивната работа редовно ќе им исплаќал Е.М.(37) од Гостивар. Но, пред извесно време Е.М. одбил да им исплати извесен паричен износ и им упатил закани, соопшти МВР.

Се расчистува и документира случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Без струја делови од Кисела Вода и дел од корисниците кај езерото Треска

Следна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Малолетник бил нападнат од татко на неговиот соученик во Центар