Никој досега не се пожалил до Државната изборна комисија на постапката за гласање или на резултатите од гласањето од неделните избори.
Во ДИК има само приговори за заштита на личното избирачко право на денот на изборите и прифатени се 217.
Приговорот на постапката за гласање се поднесуваше во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, а приговорот на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати.
Во првиот круг од локалните избори вкупно 34 општини добија градоначалници. Според првичните резултати што ги соопшти ДИК, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ.
Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.
Во две општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа, ќе се повторно изборната постапка поради неисполнување на законскиот услов, кој пропишува една третина од запишаните гласачи да излезат на гласање.