Никој од шестмината кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК не доби поддршка од Советот на јавните обвинители

Не е избран ниту еден нов јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција на денешната седница на Советот на јавните обвинители. На конкурсот за прием на обвинители на четири позиции беа пријавени шестмина кандидати.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати.

Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати.

Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

 

Претходна вестКакво време дојде во Скопје да ти е страв да почнат реконструкција на улица
Следна вестТешко ја повредил ќерката додека ја паркирал колата