Репрезентативниот голман на ракометната федерација на Македонија, Никола Митрески кој во моментов настапува во Порто, Португалија, од следната сезона ќе брани за матичниот клуб ,,Еурофарм Пелистер”.
– Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот, стои во објавата на Фејсбук на ,,Еурофарм Пелистер”.