Македонските ракометари денеска го имаат првиот тест со Романија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во 17 часот ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари против селекцијата на Романија.

Избраниците на Кире Лазаров утринава отпатуваа во Браила каде ќе ѝ гостуваат на селекцијата на Романија.

Денешниот натпревар се игра од 17 часот и по договор на селекторите тој ќе биде од затворен карактер. Утрешниот дуел ќе биде отворен за јавноста, ќе се игра пред публика.

Лазаров за денешниот меч поведе 17 ракометари, од првичниот список отпаднаа Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ.

Овие натпревари со Романија се дел од подготовките за мајскиот бараж дуел со Фарските Острови за пласман на Светското првенство.

Претходна вестИма ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Следна вестНикола Митрески се враќа во Еурофарм Пелистер