Македонија водеше на полувреме, но загуби на првиот тест во Романија

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Браила, каде што го одигра првиот од двата пријателски натпревари против домаќинот Романија. Избраниците на Кирил Лазаров беа поразени со 32-27 (15-16), во средбата која се одигра зад затворени врати во романскиот град.

Нашите ракометари во првото полувреме имаа предност против Романците, на одмор заминаа со минимално водство од 15-16, меѓутоа во вториот дел имаше пад во играта и тоа домаќинот знаеше да го кази. На крајот Романија слави со пет разлика (32-27).

Македонија и Романија ќе се судрат уште еднаш во Браила, веќе в сабота во терминот од 16:30 часот.

Овие натпревари против Романците селекторот Кирил Лазаров мора да ги искористи како најголеми тестови пред она што следи, а тоа е бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Македонија на осми мај ќе гостува во Торшавн, додека четири дена подоцна ќе ги дочека Фарските Острови во „Борис Трајковски“.

Претходна вестПомина 8 Март, помина ли и борбата за еднаквост?
Следна вестСе радувам на подарок, одбојкарска топка и зелка манџа