Се радувам на подарок, одбојкарска топка и зелка манџа

Одличниот одбојкар и незаменлив македонски репрезентативец, Дарко Ангеловски, одговара на 10 прашања надвор од спортот…

1. Три најсреќни моменти во животот?

– Љубов, победа и ладно пиво.

2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

 Шаби за ништо не се кае.

3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

– Горда е Македонија што ме има, сите уметници, глумци, културни работници.

4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

 Радост: подарок, одбојкарска топка и зелка манџа.

Нервирање: лага , неискреност и правење паметени.

5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

 Физика, математика и биологија.

6. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

– Добар сум за: баскет, пингпонг и на маса.

Не ме бива за: билјард, пикадо и клизање на мраз.

7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

 Бигорски, Берово и Колешински водопади.

8. Три најдобри книги, филмови и песни?

– Книги: Сите од Себастијан Фицек.

Филмови : 7pounds, Interstelar и Snowden.

Песни : Dire straits- Sultan of swing, Тони Зен – Скопје е мој град и Tupac – all eyes on me.

9. Три омилени јадења?

– Тост, зелка манџа и пуканки.

10. Три совети кои ги давате на другите?

– Смири се, биди позитивен и биди реален, бар грам еден.

 

Претходна вестМакедонија водеше на полувреме, но загуби на првиот тест во Романија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како досега