Со Наташа Амдију, од невладината организација „Зелен институт“ зборуваме за состојбите со зеленилото во Скопје, како да се делува во иднина…
Каква е состојбата со зеленилото во Скопје? Има ли доволно, загрозено ли е?
-Велат, „една слика, илјада зборови“, Скопје е „заробен“ град кој не може да дише. Во периодов, „Зелен институт“ во партнерство со повеќе организации спроведува серија на активности токму за тоа, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Стручен тим урбанисти констатираше постојано намалување на зелените површини заради неговата незаконска пренамена со урбанистичките планови на сите нивоа: со Генерален, Регулациски и Детален урбанистички план. Тие утврдија дека зеленилото исчезна во реонскиот центар во кај „Сити Мол“, зградата „Настел“ го „проголта“ дворното зеленило во состав на индивидуални станбени куќи во Карпош, никнаа згради во зелениот коридор покрај Вардар на западниот крај на улица „Илинденска“ и во третиот дел од Градски Парк (под Американска амбасада кај хотелите)…, зеленилото во дворовите на училиштата се уништува заради поставување времени објекти чиишто сопственици плаќаат кирија… . Намалувањето на зеленилото влијае на прекумерно загревање и појава на урбани топлински острови, зголемено загадување на воздухот и засилување на бучавата. „Бетонизацијата“, исто така, го спречува природното одводнување, односно при обилни дождови се оптоварува канализацијата и се поплавуваат улиците.
Каде се потребни интервенции за подобрување на состојбите со зеленилото?
-Зелената инфраструктура во градот Скопје се заснова на неколку зелени јадра (Водно, парк- шумата Гази Баба, Кале со француските гробишта, Градскиот парк, Расадникот, Аквадуктот, Скупи, Скопска Црна Гора, Смилковско Езеро) и коридори (зелените појаси покрај Вардар, Треска, Лепенец, Серава, Маркова Река). Исто така важно е зеленилото во населбите – блоковското, во дворовите на училиштата, градинките, дрворедите на булеварите… Зелената инфраструктура, освен што има еколошка функција – прочистување на воздухот и водата, заштита од поплави, ублажување на влијанието од климатските промен – таа има економско и рекреативно значење. Затоа мора да се ревитализираат зелените коридори покрај Лепенец, Серава, а не смее и понатаму да се гради на Водно, покрај Вардар, ниту да се толерира бесправната градба на Кале и на други зелени површини.
Потребни ли се и одредени законски измени? Какво е спроведувањето на актуелните прописи?
-Загубата на зеленилото се случува и заради неусогласеноста на Законот за урбано зеленило, Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и Правилникот за урбанистичко планирање и Правилникот за ланирање, подигање и одржување на зеленилото. Оваа неусогласеност доведува до отежнато спроведување на Законот за урбано зеленило. „Зелен институт“, во соработка со експерти од областа на шумарството, урбанистичкото планирање и правото, изработи предлог-законски измени со кои ќе се надмине оваа неусогласеност – да се воедначат категориите на зеленило и да се воведат стандарди и нормативи за урбано зеленило со кои: да се обезбедат 50м 2 по глава на жител во рамките на урбан блок/урбана четврт и во границите на опфатот на Градот Скопје; во секоја градежна парцела да се изведе зеленило на површина од 30 отсто до 50 проценти (во зависност од намената). Исто така, треба се зголемат казните за непочитување на одредбите на Законот за урбано зеленило. Одговорноста да се спаси зеленилото ќе биде во рацете на пратениците.
ТРЕБА ДА СЕ САДАТ АВТОХТОНИ ВИДОВИ САДНИЦИ
Потребни ли се промени во типот на зеленилото?