Темен режим Режим на светлина

Проекции на два џез документарци во Кино „Фросина“

Два документарни филмови за џез музиката ќе бидат прикажани денеска во киното „Фросина“, како дел од фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал (СЏФ). Влезот е слободен, а во 20 часот ќе се прикажат: „Арт Пепер: белешки на еден преживеан џезер“ од 1982 во режија на Дон Мекглин и „Музика за црни гулаби“ од 2022 на Јорген Лет и Андреас Кофид.

„Арт Пепер“, како што велат од СЏФ, е еден од најдобрите џез-документарци на сите времиња, за еден од најголемите и најфасцинантните музичари во светот на џезот.

„Музика за црни гулаби“ е синематичен документарен филм којшто ги истражува животите и работниот процес на некои од најреномираните и најплодни светски џез-музичари, како Јакоб Бро, Бил Фризел, Ли Кониц, Пол Мотиан и Мидори Такада.

Скопскиот џез фестивал на 19 октомври го отвораат норвешките џезери Јан Банг и Арве Хенриксен заедно со оркестарот на институтот ФАМЕС, а диригент ќе биде Џијан Емин, кој ги подготви и аранжманите за овој проект наречен „После пожарот“. Истата вечер ќе настапи и ансамблот на американскиот композитор, пејач и поет Бен Ламар Геј.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Израел ја одложи офанзивата во Појасот Газа за неколку денови

Следна објава

Да се ревитализира зеленилото покрај Лепенец и Серава, да не се гради на Водно...