Темен режим Режим на светлина

Загина пешак откако бил удрен со „мерцедес“ на патот Кичево – Охрид

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Кичево – Охрид.

МВР соопшти дека на 14.10.2023 околу 19.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Охрид, во нас.Горица, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(36) од с.Другово,. кичевско, удрило во пешакот Р.Д.(61) од с.Могорче, дебарско.

-Од здобиените повреди, Р.Д. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево, соопшти полциијата.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езерo

Следна објава

Педесетина мигранти од Конго упаднаа во поранешна македонска амбасада во Брисел, од белгиските власти бараат сместување