Одбележување на Светскиот ден: Хуманитарна акција “Заедно против гладот”

Хуманитарна акција под мотото „Заедно против гладот“ по повод на Светскиот ден против гладта ќе организира денеска хуманитарна организација „Свети Спас“ од Скопје. Во текот на акцијата ќе се собираат храна и хигиенски средства.

– Ве покануваме индивидуалци и фирми, да земете учество и заедни против гладот да купиме храна и донираме на некој од нашите 11 пунктови со цел да помогнеме во искоренувањето на гладот во Македонија. Да станеме учесници во борбата која секојдневно станува се понерамномерна и да помогнеме без да размислуваме. Да ги поканиме и нашите роднини, пријатели, работодавци…и да земете активно учество во оваа акција а со тоа ќе помогнете на многу семејства кои нажалост секој ден бројката е голема и се поголема, се наведува во поканата на хуманитарната организација „Свети Спас“ предводена од свештеникот на МПЦ-ОА Оливер Петровски од Драчево.

За таа цел, низ Скопје ќе бидат поставени 11 собирни пунктови пред маркети во Аеродром, Драчево, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Стајковци, Илинден и Бутел, како и во магацинот на хуманитарната организација.

Пунктовите денеска се поставени на следни локации:

– СУПЕРТИНЕКС – ПРВОМАЈСКА од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО ЏАМБО од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО – НАС. АЕРОДРОМ од 12.00 часот до 20.00 часот

– ЗУР МАРКЕТ – НАС. ДРАЧЕВО (стара последна 41) од 08.30 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ДРАЧЕВО од 14.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. АВТОКОМАНДА

– ВЕРО -: НАС. ТАФТАЛИЏЕ

– ЗУР МАРКЕТ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (СП Планет)

– ДИМ МАРКЕТ – С. СТАЈКОВЦИ од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ИЛИНДЕН од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. БУТЕЛ од 12.00 часот до 20.00 часот

– Магацинот на организацијата од 10.00 часот до 20.00 часот

Хуманитарна организација “Свети Спас”, контакт телефон 078/383-743 (отец Оливер)

Претходна вестТешко ја повредил бремената сопруга, нероденото бебе починало
Следна вестПочина познатиот македонски хуморист и сатиричар Војче Китаноски