Николоски: СДСМ и ДУИ правеле договори со црногорски бизнисмен кој работи против европската интеграција

Министерството за транспорт и врски предводено од СДСМ за само 7 дена одлучило дека е во ред планот со кој се предвидува урбана џунгла во Тетово од 230.000 метри квадратни од кои само станови се над 2.000 со 8.000 нови жители, обвини на „Фејсбук“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Како што наведува тој, планот со кој се овозможува заработка од 200 милиони евра на инвеститорот се одобрил за само 7 дена, во периодот од 21 до 28 февруари годинава, во услови кога граѓани по месец дена не можеле да извадат обично уверение.

КРИМИ КОАЛИЦИЈАТА СДСМ/ДУИ НА БРЗА ЛЕНТА ШТАНЦАЛА ДОЗВОЛИ ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ НА КОНТРОВЕРЗЕН БИЗНИСМЕНВо…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Недела, 06 септември 2020

„Кога ќе се направи споредба за што приложувам документ се гледа дека во претходниот план скоро и да не се предвидени згради, а во овој кој се носи тоа е скоро половина, во претходниот не се предвидени деловни простории, а во новиот тоа е скоро една четвртина“, тврди Николоски.

Според него, очигледно е дека мотивот е голем.

„Слушнавме во објавените разговори во јавноста дека 300.000 евра биле исплатени, а на тоа доколку се заврши работата треба да се дадат уште 2.000 метри квадратни како и 2 милиони евра. Се поставува прашањето кај кого од СДСМ и ДУИ завршиле? Како и кој е бизнисменот што ги дава“, запраша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николоски клучно е пошироката јавност да знае дека Миодраг Дака Давидовиќ е контроверзен црногорски бизнисмен кој е еден од главните финансиери на политичките и општествени структури на Балканот кои се против евроатланската интеграција на целокупниот регион вклучително и Македонија.

„Дали се свесни СДСМ и ДУИ, дали се свесни Заев и Ахмети дека овозможуваат огромен бизнис од кој профитот ќе биде употребен против стратешката европска и евроатланска ориентација на Македонија“, истакнува тој.

Претходна вестРегистрирани три смртни случаи и 92 новозаразени
Следна вестПочина млада девојка, друга итно пренесена на клиника