Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.
Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.
Тој на својот профил објави:
-Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, објави министерот Николоски.