Нормализиран сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е нормализиран од 14:10 часот, информира АМСМ.

Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Покрај тоа, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“ на коловозот имаше големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на карпи.

Претходна вестПетрушевски: Владата нема 80 пратеници, уставни измени под бугарски диктат нема да има
Следна вестПарада во Лондон за роденденот на британскиот крал Чарлс Трети