Норвешка и Ирска денеска ќе признаат независна палестинска држава

Ирска и Норвешка најавија дека денеска ќе ја признаат палестинската држава, изјави неименуван извор за Ројтерс.

Владата во Даблин синоќа најави прес-конференција на премиерот и на министерот за надворешни работи за текот на денешниот ден, без да наведе што ќе биде тема.

И владата во Осло соопшти дека скандинавската земја ќе признае независна палестинска држава, објави јавниот сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен.

Членките на ЕУ – Словенија, Малта и Шпанија во изминатиот период најавија оти планираат да признаат палестинска држава, наведувајќи дека решението за воспоставување на две држави е од суштинско значење за траен мир на Блискиот исток.

Претходна вестПетар Стевановиќ: Кога ќе ги удриш луѓето по џеб и самите ќе го подобрат педагошкиот пристап кон своите деца околу загадувањето на околината
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Георгиев и Мемети се само дел од криминално – судскиот октопод