Нов фронт во Украина, нов обид за отворање хуманитарен коридор…

Градовите Днепар и Луцк се новите градови во Украина каде започнуваат воени дејствија во Украина. Во тек е 16-от ден од упадот на руската војска во соседната држава.

Украинските власти соопштија дека во три воздушни напади на градот Днепар загина најмалку едно лице. Нападот во Луцк бил насочен кон аеродромот, според наводите на локалното население. Постојат извештаи дека во руското гранатирање е погодена и фабрика, единственото место каде можат да се поправат одредени мотори за борбени авиони.

Новински агенции јавуваат дека руски воени конвои се приближуваат и се распоредуваат околу Киев. Како што се наведува, снимките кои се направени вчера покажуваат дека се распоредени тенкови во градовите кои се во близина на аеродромот Антов, северно од Киев.

Инаку, вчера ниту еден цивил не успеа да го напушти опколениот Мариупол. Во градот не пристигнуваат храна, вода и лекови, поради што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризам.

-Украина се надева дека денеска ќе биде успешно отворен „хуманитарен коридор“ за цивилите да го напуштат опколениот јужен пристаништен град Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Меѓународниот комитет на Црвен крст соопшти дека околу 400 илјади жители на Мариупол страдаат за храна и вода.

Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението. Тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории.

Официјална Москва веќе неколку пати опоменува дека во Украина развива програми за биолошко оружје со САД. И официјална Кина побара од САД да објават што правеле во нивните биолошки лаборатории во Украина.

 

Претходна вестВо Скопје 135 санкционирани возачи, 37 за брзо возење
Следна вестД-р Пановски: Mаските во училиштата полека треба да ги симнуваме