Нов протест: Судската полиција бара зголемување на плати за 15 отсто

Со протестен марш и блокирање на централното градско подрачје пред Министерстовото за правда, судските полицајци денеска побараа зголемување на платите за 15 проценти. Тие истовремено го истакнаа своето незадоволство од носењето на новиот Закон за судски службеници.

Претседателот на синдикатот Владимир Литовски изјави дека станува збор за околу 180 службеници.

-Бараме покачување на платите но се соочуваме и со кадровски дефицит. Доколку нема решение протестот ќе се радикализира, рече тој.

По протестот, претставници на синдикатот беа примени на разговор со министерот за правда Никола Тупанчевски. Од него е добиено уверување дека проблемот ќе се реши до крајот на оваа недела со амандмански измени.

-Договорено најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со со Министерството за финансии околу обезбедувањето финансиски средства. Министерството за правда ќе стори сè што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција, соопшти Министерството.

Претходна вестЛевица: Итен прекин на преговорите со Бугарија
Следна вестСкопје со пет нови сервисни станици за велосипеди