Нов случај на дете заразено со корона вирус по oтворање на градинките

Уште еден, втор по ред, случај на дете заразено со корона вирусот е зебележан во Македонија пткако се отворија градинките. Се работи за дете кое почнало да оди во детската градинка во Струмица. Детете не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.

Директорот, Васил Бубев за медиумите го потврди случајот.

-Преземени се сите мерки за заштита од ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, рече директорот Бубев.

Завчера беше регистрирано и 15-месечно бебе, позитивно на коронавирус, во јасли во градинка во скопски Центар.

Претходна вестЦрниот биланс не запира: 7 пациенти починаа, а 186 се новозаразени со вирусот
Следна вестЕлка Јачева Улчар: Крајно време е државните институции да одговорат на уцените како што е бугарскиот меморандум