Црниот биланс не запира: 7 пациенти починаа, а 186 се новозаразени со вирусот

Црниот биланс со се поголем број на починати лица од корона вирусот во Македонија не запре ниту во изминатово деноноќие

-Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 56, Куманово 16, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 10, Струга 6,Велес 1,Битола 6,Охрид 2,Кавадарци 4,Гостивар 18,Гевгелија 5,Струмица 12, Крива Паланка 3, Радовиш 2, Кочани 17, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Валандово 1, Делчево 4, Свети Николе 2, Кичево 3 и Ресен 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274,  бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

Претходна вестМихајло Миноски: Бугарскиот меморандум е чин на непријателство, сега останува јавноста да реагира
Следна вестНов случај на дете заразено со корона вирус по oтворање на градинките