Нов црн рекорд: 594 новозаразени, починале 3 пациенти од вирусот

Министерството за здравство информира дека во Македонија последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3 и еден во Кратово.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70), од Прилеп (67) и еден пациент од Богданци (75).

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 162 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 5.266. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 9.654, активни 2.515
• Куманово 1.957, активни 214
• Дебар 307, активни 48
• Штип 1.433, активни 156
• Прилеп 897, активни 209
• Тетово 1.692, активни 271
• Струга 747, активни 80
• Велес 425, активни 94
• Битола 452, активни 142
• Охрид 506, активни 72
• Кавадарци 304, активни 72
• Гостивар 1.023, активни 94
• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 569, активни 357
• Крива Паланка 175, активни 60
• Радовиш 164, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 556, активни 202
• Пробиштип 138, активни 23
• Демир Хисар 66, активни 5
• Македонски Брод 96, активни 2
• Пехчево 52, активни 8
• Берово 159, активни 36
• Валандово 79, активни 48
• Виница 147, активни 46
• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 29, активни 5
• Свети Николе 420, активни 56
• Кичево 404, активни 71
• Ресен 191, активни 28
• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 95. На кислородна поддршка се 65 лица, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, како и една мајка суспектна на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се тројца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Аеродром – 505
• Карпош – 417
• Центар – 433
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел – 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково – 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73

Претходна вестСокриле дрога во грмушка на патот за Струга – полицијата ги фатила
Следна вестСончево време со максимална температура до 22 степена