Нов ужас сторен од 13-годишен малолетник во Србија: Со секира и нож тешко повреди мајка и син

Во Ургентниот центар во Зрењанин рано утрово во 3 часот итната помош донела мајка и син нападнати со секира и нож, јавија српските медиуми. Нападот се случил во село Радојево, општина Нова Црња.

Неофицијално, мајката (57) со секира здобила повреди во главата и итно е префрлена во Клиничкиот центар Војводина, додека нејзиниот 17-годишен син имал повеќе рани од нож во пределот на градите и од секира во главата и лекарите се борат за неговиот живот.

Според неофицијални извори, српските медиуми јавуваат дека жената и нејзиниот син биле нападнати од 13-годишно дете.

-Тој малолетник пред два дена беше со нив, се дружеа и тоа се случи!? Никој не знае што го опседнало да направи вакво нешто, иако никој во селото нема добро мислење за него. Во селото велат дека има над 20 пријави во полиција, но тој е уште дете и не одговара… – изјави за Информер еден од соседите на повредената жена и нејзиниот син.

Според него, за да биде злото уште полошо, тешко повредената жена претходно била оперирана од рак и била болна.

Претходна вестДождовите го зголемија водостојот на Преспанското езеро за два сантиметри, нивото сега му е “само“ за 1,97 метри пониско од просечните
Следна вестРечиси половина бебиња во Македонија се раѓаат со царски рез