Нова хаварија во РЕК Битола, зошто е дозволено овој стратешки капацитет да е толку ранлив?

Македонските потрошувачи од ноќеска воопшто не добиваaт струја од РЕК Битола откако во најголемата енергетска постројка во Maкедонија се случи хаварија во Блок 1. Според првичните информации причина за дефектот е пукната цевка на цевководниот систем во овој Блок.

Претходно, пред два дена РЕК Битола избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3. Тогаш официјално беше соопштено дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2. Блок 1 беше единствен капацитет кој произведуваше струја.

Зошто РЕК Битола врз кој се темели енергетската сигурност на државата е толку ранлив? И не се во прашање само големите хаварии, туку и недостатокот на јаглен.

Поради ова, Македонија во моментов најголемиот дел од потребите за електрична енергија ги увезува. Цената на струјата на берзата се продава и по повеќе од 200 евра за мегават час.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата деновиве за 5,5 милиони евра купила 26.000 мегавати струја.

Доколку се употребеа за домашно производство за тие пари ќе се произведеше 4 пати повеќе струја или над 100.000 мегавати, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Власите најавуваат дека од декември треба да стартува и ТЕЦ Осломеј, а сценарио се прави и за ТЕЦ Неготино. А од пред извесен период во функција е ставена и хидроелетраната Маврово, како и хидроелектраните Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната електрана Енергетика-Скопје и ветерниот парк Богданци.

Добро е што ќе се реагира некако, но воедно и ќе се истражи ли зишто е дозволено да се дојде во ваклва ситуација? Зошто континуирано не е подобруван – за цврстуван системот во РЕК Битола?

Претходна вестФрчат казни во Скопје, сообраќајните контроли продолжуваат
Следна вестЗаев има уште неколку часа за мислење по ултиматумот на Мицкоски