Нова измама почнува да се шири на социјалните мрежи, злоупотребени јавни личности

Нова измама почнува да се шири на социјалните мрежи при што се злоупотребуваат имињата и фотографиите на познати јавни личност кои ги „откриваат“ начините преки кои македонските граѓани може брзо да се збогатат. Во објавите, граѓаните се повикуваат да инвестираат во одреден алгоритам кој за кусо време може многукратно да ги зголеми вложените парични средства. Меѓу личностите чии имиња се злоупотребени се премиерот Христијан Мицкоски, поранешниот министер Виктор Мизо, новинарите Драган Павловиќ – Латас, Ирена Мулачки…

Во објавата граѓаните се упатуваат да кликнат линкот ве води до лажна страна на веб сајтот Кајгана на која има лажно интервју со познатата јавна личност. Во интервјуто кое го „води“ некој од познатите македонски новинари, јавната личност „објаснува“ како со помош на одредена платформа за кусо време од вложените 15.000 денари „може да заработи милион денари за 12 до 15 недели“. Потребните 15.000 денари, според соговорникот, се вложувале преку телефон.

-Оваа платформа е совршено решение за оние кои сакаат брзо да станат богати. Заснована е на самоучечка вештачка интелигенција која тргува со криптовалути наместо вас. Тоа значи дека не мора да разбирате како функционира биткоин или било која друга дигитална валута – програмот сам го одредува најдоброто време за купување или продавање на имот и тргува независно. Предноста е што не мора да правите ништо – само направете минимален депозит, почекајте повик од операторот на платформата за да се пријавите и програмот сам ќе почне да заработува пари. Не само што го препорачувам ова – инсистирам дека секој Македонец треба да ја искористи оваа платформа. И тогаш ќе заборавите на потребата за работа засекогаш, наведува соговорникот…

Потоа следува објавата како одредена личност во пракса го проверила ова и по што за кусо време, откако вложила 15.000 денари, на нејзина сметка почнале да пристигнуваат големи суми на пари.

Претходна вестУжас во Тетово: Жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг ја силувал нивната малолетна ќерка
Следна вестБалансерот е прочистен од лицата кои се во странство, во него се само резидентните граѓани