Нова провокација: Знамиња на Албанија и УЧК поставени на црквата „Свети Атанасиј“ и Калето во Тетово

Две знамиња едното на УЧК а второто на Република Албанија вчера попладне биле поставени на тетовското Кале, објави Тетовоинфо.мк.

Знамето на Албанија било ставено врз крстот од црквата „Св. Атанасиј“ а знамето на УЧК било поставено на бандера на влез во Калето.

-Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

Минатата година едно лице беше лишено од слобода поради сквернавење на црквата – „Свети Наум Охридски -Чудотворец“, која се наоѓа на Попова Шапка. Симнувањето на знамето на МПЦ – Охридска архиепископија и поставувањето на знамето на Албанија на негово место беше причината за лишување од слобода на ова лице.

 

Претходна вестБугарија повторно паѓа во политичка криза, можни се нови вонредни избори
Следна вестСтоилковска ја елиминира првата носителка во Шарм Ел Шеик