Нови 10 починати, 403 новозаразени и 339 оздравени од корона вирусот

Министерството за здравство вечерва информира дека во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15, Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Починати се 10 лица, два пациенти од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), два пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, на починати е 2682, а бројот на активни случаи изнесува 16231.

Претходна вестМисли ли некој на новиот раздор или само се брза со пописот?
Следна вестДали и Водно ќе биде „заштитено подрачје“ како Матка каде никнаа диви платформи?