Во изминатово деноноќие регистрирани се прекршоци од страна на 585 граѓани кои не носеле лична заштита на лице, соопшти денеска МВР.
Казна за вакво вид прекршок – неносење на заштитна маска во затворени простории и на отворен простор каде не е можно запазување на дистанца од два метра – изнесува 20 евра во денарска противвредност.
-На 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, наведува МВР.