Нови 29 заразени за 24 часа, 40 – годишен скопјанец меѓу шестмината починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на ковид-19 од Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по 2 и по еден случај од Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар.

Пријавени се вкупно 6 починати лица од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г). Од пријавените едно лице е починато во домашни, а останатите во болнички услови.

Регистрирани се и 50 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999 од кои 395 во Скоппје.

Претходна вестНема дело, нема одговорност: Обвинителството го затвори случајот „бегството на Мијалков“
Следна вестПресметка меѓу мигранти кај Табановце, Авганистанци го извлекле подебелиот крај