Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти и нема починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627, од кои 195 во Скопје.