Нови 487 заразени – починати се 15 лица за 24 часа и пет од порано

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89 г, 81 г, 79 г, 79 г, 79 г, 76 г, 70 г, 70 г, и 61 г), 3 починати лица од Куманово (74 г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83 г), Кичево ( 63 г) и Прилеп (59 г), сите во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.9.2021 до 12.10.2021 година: четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1 лице.

Регистрирани сe 1.487 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699, од кои 2.932 во Скопје.

Претходна вестЗаев може да е мирен – ПЕП21, ВМРО-НП и Партијата на пензионерите му се заколнаа на верност
Следна вестЗаев: Мицкоски не може да ја одржи опозицијата, камо ли да прави мнозинство