Уште две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.
Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.