Темно Режим Светло Режим

Нови информации за сообраќајката во Чешиново каде загинаа две лица

Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Јавен обвинител изврши увид на местото на сообраќајната несреќа кај Чешиново во која загинаа две лица, а седум се повредени, пренесува Курир.

Издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата.

-На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, велат од Обвинителството.

Повредените биле примени во кочанската болница. Дел од нив, кај кои се констатирани посериозни повреди, веќе се препратени за натамошен третман во болниците во Штип и Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Џафери со Фон дер Лајен во Брисел: Македонија има постигнато многу и треба да продолжи по европскиот пат

Следниот Пост

Рајко Жинзифов учел од големите браќа Миладиновци и пишувал сеќавања за нив, пишувал поеми...