Отворањето на новиот трговски комплекс во централното градско подрачје на Скопје значително го зголеми сообраќајот на околните сообраќајници. Во изминативе неколку дена значително е зголемено како движењето на возилата, така и на пешаците по и онака преполните сообраќајници „Св. Кирил и Методиј“ и „Железничка“ кои поминуваат покрај трговскиот комплекс.
Иако во изминативе денови не се забележани некои сообраќајни незгоди, ова сепак го отвора прашањето за безбедноста во сообраќајот во овј дел од Скопје. Впечаток е дека иако овие две сообраќајници се изградени според стандарди, но сепак се чини дека е потребно одредено зголемување на безбедноста. Ова посебно се однесува на улицата „Железничка“ по која скопските возачи возат мошне брзо од насоката на Капиштец кон Кисела Вода и на која не се ретки сообраќани несреќи. Пред неколку месеци на оваа сообраќајница се случи и тешка несреќа кога загина жена-пешак на обележан пешачки премин. Такви опасност демнеат и на улицата „Св. Кирил и Методиј“ по која поминува наголем дел од пешаците кои сакаат да го посетат трговскиот комплекс..
Надлежните градски органи за сообраќај би можеле да ја проценат состојбата и да ги согласат сите ризици кои сега се појавуваат. Зголемувањето на мерките за безбедност како, на пример, легнати полицајци, огради, видливо обележување на пешачките премини и слично, секако би било добредојдено.
Полицијата исто така треба да е поприсутна. А зголемената внимателност на возачите и пешаците се подразбира.