Според проценката на американската консултантска компанија „Boston Consulting Group“, новата гранична такса на јаглерод во Европската унија ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра. Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглеродот што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.
Консалтинг групацијата Бостон посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот „Енергија Балкана“.
Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.
Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.
На крајот на август, Полска објави дека ќе го оспори ова пред Европскиот суд на правдата, бидејќи тие тврдат дека воведувањето бара едногласна поддршка, а не квалификувано мнозинство во ЕУ.
Полската министерка за клима, Ана Москва, посочи дека Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот, може да резултира со нерамномерно зголемување на трошоците за енергија во целата Унија и дека тоа е спротивно на принципот на енергетска солидарност.