Загрижувачки е што на никој не му е чудно што по обработката пораснал бројот на домаќинствата за повеќе од 30.000!!! Вакво чудење денеска објави Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика. Во објавата на Фејсбук Новковска укажува на податоци кои во два наврати ги соопштил актуелниот директор на ДЗС Апостол Симовски.
Во објавата Новковска го наведува следното:
-Добро утро на сите, вклучувајќи ги и оние што пишат, бришат, додаваат, одземаат па после ,,чесно“ лажат.
Чудно, но вистинито:
на денот на завршување на т.н. Попис, Симовски ја информира јавноста дека се попишани
1.832.696 лица, 568.175 домажинства и 837.255 станови,
а по обработките на 30.03.2022 јавноста дозна дека станале
1.836.713 жители, 598.632 домаќинства и 839.174 станови!
Ова значи дека речиси и нема промена во бројот на попишаните лица. 132.260 лица од веќе попишаните се жртвувани и кумот Апостол ги прекрстил и им дал ново име Непопишани. Највпечатливо е дека со задоволство ги пушти Македонците да си плукаат по жртвувананата бројка од попишаните Македонци.
И загрижувачки, на никој не му е чудно што по обработката пораснал бројот на домаќинствата за повеќе од 30000!!!, стои во објавата.