Почна да се поставува новогодишната елка на централниот градски плоштад како дел од украсувањето на градот кое се планира да заврши до 5 декември. Градските власти годинава решија сепак решија градот да биде украсен и покрај барањата на граѓаните средствата да се пренаменат за други цели заради корона кризата. За ова цел ќе бидат потрошени околу 200.000 евра пари од градскиот буџет.
Украсувањето предвидува елката да биде дигитална како и лани, односно, да биде со светилки во една боја туку ќе се менува во различни нијанси и бои.
Планот предвидува да бидат украсени и главните улици и булевари. Овојпат нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.
Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра