Уапсено лице со фалсификувани евра

Едно лице е уапсено вчера откако кај него биле пронајдени фалсификувани евра, соопшти полицијата.

-На 26.11.2020, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, го лишиле од слобода М.Ф. од Кратово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени  две банкноти од по 500 евра, се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестНовогодишната елка на скопскиот плоштад ќе биде дигитална, украсувањето ќе заврши до 5 декември
Следна вестМицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија