Време е граѓаните да ја пријавуваат институционалната негрижа за дивите депонии во јавното обвинителство, за да може проблемот да стигне и до Меѓународниот суд – остар и конкретен повик на граѓанската иницијатива „О2“ жителите да ги казнат надлежните. „Побрзо Марс ќе се насели отколку ние да имаме функционален систем за справување со отпад“ коментираат иронично отсликувајќи ја реалноста.
Откако со месеци жителите на населбите каде се наоѓаат диви депонии, се обидуваат медиумски, преку народниот правобранител и на различни други начини да ги разбудат надлежните за да им ги исчистат ѓубриштата- освен ветувања не добија ништо друго. Напротив, депониите „се хранат“ со уште повеќе смет, а за иронијата да е уште поголема – ги полнат самите комунални служби на локалните самоуправи. Време е граѓаните институционално да се кренат порачуваат од „О2“. „Ако во нашата татковина не се секираат за овој проблем и не гледаат криминал, меѓународните судови ќе им ги отворат очите„ – порачуваат тие, повикувајќи на протест денеска во 18 часот во Гостивар. Таму е активна депонијата кај Русино, за која со недели надлежните молчат.
-Ако инспекторите, полицијата и сите надлежни институции кои мора да бидат на терен со конкретни резултати не си ја работат својата работа, постои Јавно обвинителство Народен Првобранител, Инспекциски совет, локална самоуправа, Влада, и никој ни да мрдне со прст, се чудат колку бил голем проблемот што не знаат од каде да почнат. Побрзо Марс ќе се насели одколку ние да имаме функционален систем за управување со отпад. За каква Европа зборуваме? Зар некој ќе ни даде пари да си го средиме сопственото ѓубре кога и тие што се платени со нашите пари не мрдаат со прст, пишуваат од „О2“ на социјалните мрежи.
Реагираат дека во континуитет се повторуваат криминални активности кога станува збор за отпадот.
-Ќе се разбудат ли конечно државните службеници дека диви депонии – сметилишта не смеат воопшто да постојат. Општините на чии територии постојат треба да ги преземат сите мерка за нивна дислокација и ревитализација на тој простор, додека трае санирањето потребно е тие области да се обезбедат, за да нема повторување на криминалните активности – како трупање отпад и палење. Едноставно е, помала цена е ова да се направи отколку цената што се плаќа зо здравјето и купување на време со префрлање одговорности и изнаоѓање изговори да не се мрдне од фотеља, пишуваат од иницијативата на социјалните мрежи, порчуваат од „О2“.
Инаку, во моментот во Скопје градоначалниците ветија елиминирање на неколку депонии: таа кај Вардариште во Маџари, во Визбегово и Ново село. Првата и третата гореа, без никој ништо да преземе пред само неколку дена, а медиумите регистрираа и како општински комунални камиони ги полнат, наместо да ги чистат.