Обдукциските наоди за Вања и Панче стигнаа во Обвинителството, наодите остануваат тајна

Јавното обвинителство денеска соопшти дека ги добило наодите од обдукциите на телата од 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Наодите, и покрај големиот интерес, остануваат тајни за јавноста во интерес на истрагата.

Од Обвинителството велат дека некои делови од извештајот ќе бидат споделени со јавноста во моментот кога тоа ќе биде можно.

За двојното убиство првоосомничен е Љупчо Палевски, кој е во притвор во Труција. Во затворот во Шуто Оризари, пак, притворени се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видоески, кои се сомничат како соизвршители, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помогнал во грабнувањето и Стефан Димковски, кој го возел Палевски од Србија до Турција, осомничен за помагање сторител во извршено кривично дело.

Полицијата ги најде телата на убиените на 3 декември. Вања Ѓорчевска беше најдена во близина на Скопје по исказите на осомничените, а Панче Жежовски во близина на Велес.

Претходна вестИзгласан новиот состав на Антикорупциската комисија, Димитровска претседател
Следна вестБобан Илиоски најдобар спортист на град Скопје за 2023-та