Вработен во казино на подрачјето на општина Центар е повреден откако бил прободен со нож од страна на едно лице, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека вчера во 12.00 часот во Полициска станица Центар, А.Ѓ.(41) пријавил дека, на 07.12.2020 околу 03.00 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во казино на улица “Народен фронт”, настанала расправија помеѓу пријавителот и Н.И.
-По расправијата двете лица влегле во патничко моторно возило “Алфа ромео” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Ѓ. и заминале на улица “Питу Гули” каде настанала физичка пресметка меѓу двете лица, при што Н.И. со остар предмет му нанел повреди на А.Ѓ. и со возилото го напуштил местото на настанот. На пријавителот му е укажана лекарска помош во Клинички центар “Мајка Тереза”, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.