Обид за убиство во прилепскиот затвор, со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.

Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.

Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Претходна вестДел од неколку скопски населби без струја
Следна вестЖена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит