Објавена меѓународна потерница и определен 30-дневен притвор за Љупчо Палевски

И официјално е објавена меѓународна потерница за Љупчо Палевски Палчо кој е првоосомничен како организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Поради интерес на јавноста, од МВР попладнево соопштија дека „Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж..

Во однос на тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период од обвинителството ја информираат јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање.

– Во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник, а во  2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување стои во соопштението на МВР.

Истовремено судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. oд Скопје, и му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Притворот му е определен поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело, информираат од Kривичниот суд.

Претходна вестПутин: Мигрантите кои доаѓаат во Русија мора да научат руски и да ја почитуваат руската традиција
Следна вестАлкалоид вечерва игра со Логроњо Ла Риоха, Лазаров ветува изненадување и дома