Алкалоид вечерва игра со Логроњо Ла Риоха, Лазаров ветува изненадување и дома

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид денес игра со шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со што ќе ја заокружи својата прва сезона на европската сцена во која ја претставуваше Македонија во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Дуелот со шпанскиот тим ќе биде шестиот меч за Алкалоид сезонава. Нашиот клуб освои еден бод, на гостински терен.

– Успеавме да ја изненадиме Ла Риоха на гостински терен. Ќе се обидеме да го направиме тоа и пред нашата публика, изјави тренерот Кирил Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18:45 часот. Судиската двојка Јакуб Јерлецки и Мацеј Лабун доаѓа од Полска, а делегат ќе биде Владимир Јовиќ од БиХ.

Билети за натпреварот, по цена од 100 и 150 денари ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Претходна вестОбјавена меѓународна потерница и определен 30-дневен притвор за Љупчо Палевски
Следна вестПо кој пат тргна автопатот Кичево – Охрид, имаше ли ревизија?