Шеваљ Муареми, за кого веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи, доби меѓународна потерница. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.
– Муареми Шеваљ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ“, стои на сајтот на МВР.
Но не е само тој единствен по кој се трага. Листата е подолга.
Групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година. Како што објави ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.
Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија. Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.
За оваа акција, ексминистерот Спасовски држеше прес-конференција и кажа дека уапсени се 7 од 16 членови на криминална нарко-група која вршела и убиства. Според објавените потерници, едни од главните осомничени се на слобода.
FacebookTwitterWhatsAppShare