Облачно и ладно со умерен ветер

Во Скопје времето денеска ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне да 0 степени

На подрачјето на земјава времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе се движи од минус 4 до 3 степени.

Претходна вестДимковска на виртуелно поетско читање во Њујоршко поетско кафуле
Следна вестЗаврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително