На скопското подрачје времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
На остаанти подрачја во земјава, исто така, ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.
Од недела до вторник стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.