Облачно со повремен дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

 

 

 

Претходна вестНачалникот на Вагнер тврди дека Бахмут е опколен, ги повика Украинците да се предадат
Следна вестДиректорите на училиштата ќе добијат упатство како да се однесуваат во случај на дојавите за бомби