Во четвртокот Македонија ќе преовладува облачно време, а уште од ноќта има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе продолжат, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините ќе има повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 7, додека преку денот највисоките соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 11 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Температурата ќе достигне до 10 степени.