По синиќешниот дожд, денеска во Скопје времето ќе биде облачно и студено. Ќе има повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.
Во останатите делови на Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали.
Утре времето ќе биде сончево со мала, во јужните делови до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 7 до 17 степени