Секој втора казна за пребрзо возење по скопски улици

Вкупно 163 возачи вчера се санкционирани поради најразлични сообраќајни прекршоци направени по скопските сообраќајници.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 75 санкции, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за некористење сигурносен појас и 33 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти денеска МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОблачно со повремени врнежи, температура до 6 степени
Следна вестКога ќе дојдат доволно вакцини за да имаме вистинско масовно вакцинирање?